Репрезентативецот на Андора, Рикард Фернандес експресно беше исклучен по само 18 секунди на квалификацискиот меч меѓу Андора и Полска, а заслужено доби црвен картон.
Популарниот Куку со лакт го удри в лице Камил Глик и судијата Битон немаше дилеми, па веднаш му покажа црвен картон, уште напаѓачот на Андора пред да пипне топка.
Ова е веројатно еден од Топ-10 најбрзи црвени картони во историјата на квалификациските мечеви за настап на Светско првенство.