Еден од најдобрите германски дефанзивци во моментов, но и еден од клучите фудбалери во освојувањето на титулата на Баер Леверкузен, Џонатан Тах, налето станува слободен играч. Тој за германските медиуми потврди дека нема да го продолжи договорот, иако се уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата.
„Се е јасно уште од почетокот. Во еден момент донесов одлука дека нема да го продолжам договорот и дека нема да останам тука. Тоа се уште останува така.“ – рече Тах.
Дефанзивецот на Баер Леверкузен има одиграно и 35 натпревари за репрезентацијата на Германија, а во редовите на „фармацевтите“ пристигна во 2015 година од Хамбург за само 9.5 милиони евра.
Вредноста на Тах во моментов се проценува на 30 милиони евра, а екипата која ќе успее да дојде до неговиот потпис, ќе го добие бесплатно.
Како најсериозни кандидати за неговиот потпис се споменуваат Барселона, чиј тренер е Германецот Ханси Флик, но и најголемиот конкурент на Баер Леверкузен, баварскиот гигант Баерн.