Ромарио е фудбалер кој постигна над 750 погодоци во професионалната кариера и со тоа го има приматот на еден од најдобрите стрелци во историјата на фудбалот. Тој беше предводник на бразилската репрезентација до светската титула на Мундијалот во САД во 1994 година. Со Барселона беше првак на Шпанија, а играше и едно финале во Лигата на шампионите.
Во 2007 година играше за Васко де Гама, а потоа се реактивира во 2009 година, кога одигра еден меч за екипата на Атлетико РЈ и ја заврши кариерата. Токму во Атлетико РЈ Ромарио сега е претседател и реши по пауза од 16 години, повторно да се активира.
Ромарио одработи еден тренинг и најави дека сака да се подготви и да заигра, и тоа заедно со неговиот син Ромарињо.
„Што се однесува до тренингот, многу сум уморен. Наскоро по мене ќе доаѓаат со носилки. Не сум тренирал 16 години“, рече Ромарио, кој вети дека ќе игра на минимална плата во клубот во кој е и претседател.
https://twitter.com/i/status/1783594223238783173
Во шега, Ромарио изјави дека ако има пенал, тој ќе го шутира ако е на теренот.
„Одлука на претседателот е кој ќе шутира пенал. Претседателот му вели на тренерот да одбере играч, ако тренерот не ме одбере мене да шутирам, ќе го избркам од клубот“, во шега рече Ромарио, кој потенцира дека негова цел е да успее да издржи неколку минути на теренот, а не да биде активен во текот на целиот натпревар.
🗣️ Romário (58) signed for his childhood club (América-RJ) and was asked about the advantages of being president and player at the same time:
“I play whenever I want, I leave whenever I want if the coach doesn’t like it, I fire him, if a player doesn’t pass the ball to me, I… pic.twitter.com/TCm7pzlecy
— Football Talk (@FootballTalkHQ) April 26, 2024