Еден од најдобрите голгетери во Премиер лигата се соочува со жестока казна

Напаѓачот на Брендфорд, Иван Тонеј, блеска во првиот дел од сезоната во Премиер лигата. Тонеј сезонава постигна 10 гола во англиското првенство, но и покрај одличната форма во која се наоѓа, не доби повик од селекторот Герет Саутгејт, па тој нема да го гледаме на Светското првенство во Катар.

Не само што не е дел од англиската репрезентација, Тонеј сега се соочува и со сериозна казна поради прекршување на ФА правилата за обложување. Било утврдено дека Тонеј се обложил дури 232 пати, што значи дека исто толку пати го прекршил правилото на ФА.

„Иван Тонеј е обвинет за недолично однесување во врска со наводно кршење на ФА правилата за обложување. Се потенцира дека напаѓачот на Брендфорд го прекршил ФА правилото Е8 дури 232 пати во периодот од 25 февруари 2017 до 23 јануари 2021 година“, стои восоопштението на ФА.

Голгетерот има рок до 24 ноември да одговори за овие обвиненија. Поради сличен прекршок, Киран Трипие додека беше играч на Тотенхем беше казнет со 10 недели суспензија и парична казна од 70.000 фунти.

Рекордер во обложување е контроверзниот Џој Бартон, кој во период од 10 години имал дури 1.260 обложувања. Кога му беше изречена казна од 18 месеци, Бартон реши да се повлече од фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести