Еден од најдобрите играчи на Лестер веќе не ја чека Англија, одбра да игра за Нигерија!

Фудбалерот на Лестер (позајмен е од Лајпциг), Адемола Лукман, доби дозвола од ФИФА да го смени своето спортско државјанство и во иднина наместо за англиската, ќе настапува за репрезентацијата на Нигерија.

Лукман, кој има 24 години, роден е во Лондон, но нема играно меч за сениорската селекција на Англија, па ги одбра Супер Орлите бидејќи неговите родители се од Нигерија. Во 2017 година со младата селекција на Англија до 20 години Лукман беше светски првак, но не заигра за А селекцијата на Гордиот Албион.

Сезонава Лукман во Премиер лигата даде три гола на 14 меча, а со репрезентацијата на Нигерија има двомеч против Гана, на кој ќе се решава која од овие две селекции ќе оди на Мундијалот во Катар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести