Еден од најдобрите кошаркари во НБА е слободен играч

Кавај Ленард е слободен играч откако ја одби опцијата да го продолжи договорот со ЛА клиперс. Двократниот НБА-шампион се откажа од загарантираните 36 милиони долари и ќе го тестира пазарот.

Од таборот на Клиперс очекуваат Ленард да почне преговори за нов, побогат договор, иако таква одлука нема да донесе веднаш. Еден од најдобрите кошаркари на денешницата прво ќе ги разгледа сите опции пред да донесе одлука околу својата иднина.

Двократниот шампион на НБА во летото 2019 година потпиша тригодишен договор со Клиперс вреден 103 милиони долари со клаузула да не ја активира последната година од договорот. Слободен играч стана и Крис Пол, одбивајќи 44 милиони долари, но 36-годишниот ветеран веројатно ќе остане во Феникс откако ќе добие побогат договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести