Французинот Лени Јоро е нов член на Манчестер јунајтед откако вечерва потпиша петгодишен договор.
Црвените ѓаволи за 18-годишникот ќе му платат на Лил фиксни 50 милиони евра, со можност ако се реализираат бонусите, сумата да оди и над 60 милиони.
Јоро беше цел на Реал Мадрид, желба на фудбалерот беше да игра за европскиот првак, но финансиската понуда на Јунајтед беше многу подобра од таа на Реал и од Лил му се заканија на Јоро дека ако не прифати трансфер во Манчестер, цела сезона под казна ќе седи на клупата за резерви.