Еден од најдобрите млади македонски кошаркари се сели во САД, ќе игра во НЦАА лигата

Еден од најдобрите млади македонски кошаркари, Андреј Шошкиќ, од следната сезона ќе настапува во универзитетската НЦАА лига во САД.

Шошкиќ на 17-годишна возраст дебитираше за Работнички, а сега како 20-годишен сезонава беше еден од подобрите поединци на Црвено-белите. Сепак, бекот си заминува од „Градски парк“ и ќе биде дел од универзитетскиот тим на Стоуни Брук, со кој официјално потпиша договор.

Шошкиќ е и повремен македонски сениорски репрезентативец, обично се наоѓа на поширокиот список на репрезентативци.

- Оглас -

Најнови вести