15.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Еден од најдобрите млади македонски ракометари ќе игра за првиот тим на Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го промовираше новиот дрес за сезоната 2024/2025, а во улога на „манекен“ се појави 18-годишниот Самоил Ристевски, кој е објавено дека ќе игра за првиот тим на Е. Пелистер.

Досега 18-годишниот пикер настапуваше во дресот на Еурофарм Пелистер 2.

Ристевски е еден од македонските ракометни дијаманти, играше за кадетската и младинската селекција на Македонија, која правеше одлични резултати на меѓународна сцена, а дебито за првиот тим на Е. Пелистер ќе го има утре, на Суперкупот против Алкалоид во Гевгелија.

- Оглас -

Најнови вести