Еден од најдобрите пријатели на Меси открива: Сакаше да ме убие кога слушна што реков

Леандро Паредес е еден од најдобрите пријатели на Лионел Меси и еден од оние што го убедија седумкратниот освојувач на Златната топка да дојде во Пари сен Жермен. Паредес со Меси е соиграч и на клупско и на репрезентативно ниво, а иако се одлични пријатели, Паредес открива една интересна ситуација по која Лео бил многу лут.

Инцидентот се случил пред Меси да дојде во ПСЖ. Тоа било на осминафиналето во Лигата на шампиони меѓу Барселона и францускиот тим. ПСЖ гостуваше на „Камп Ноу“, а Меси доби удар од Паредес.

Иако ударот бил силен, нешто друго го налутило Меси. Паредес веднаш искоментирал со соиграчите од ПСЖ дека Меси се налутил, а Лео тоа го слушнал и многу се налутил.

„Тогаш Меси сакаше да ме убие, а јас сакв да избегам дома. Сепак, кога се видовме на репрезентативниот собир се однесуваше како да немало ништо. Нашиот однос остана одличен и сега таа случка ни е смешна. А Меси беше многу лут, сакаше да ме убие“, се присетува Паредес, кој од 2019 година е дел од тимот на ПСЖ.

- Оглас -

Најнови вести