21.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Еден од најдобрите тенисери на денешницата го потврди учеството на виртуелниот турнир

Рафаел Надал се пријави виртуелниот Мастерс турнир кој се организира како замена за Мастерс турнирот во Мадрид. Организаторите на модерното натпреварување го потврдија учеството на вториот светски рекет, а исто така ќе учествуваат и Џон Изнер, Кики Бертенс, Фиона Феро, додека од претходно учеството го потврдија Енди Мареј, Анџелика Кербер, Карла Наваро и Лука Пуј.

„ Среќен сум што ќе учествувам во виртуелниот турнир. Од изолација, со охрабрување кое го даваме едни на други, да помогнеме на оние кои им е потребна наша помош. Не сум сигурен како ќе се снајдам и дали ќе одиграм добро, но како и секогаш ќе дадам сè од себе“, истакна Надал.

На турнирот ќе учествуваат по 16 тенисери и тенисерки во двете конкуренции, а ќе се одржи од 27 до 30 април. Победниците ќе добијат по 150.000 евра како главна награда, а од истата сами ќе одлучат колку ќе издвојат за да донираат на тенисерите кои се во финансиски проблеми поради откажаните турнири.

- Оглас -

Најнови вести