Еден од најдобрите центри во историјата на НБА му симнува капа на Јокиќ: Џокер е специјален

Легендарниот НБА кошаркар, Хаким Олајџувон, кој се смета за еден од најдобрите центри во историјата, е импресиониран од игрите на двојниот освојувач на МВП признанието за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната во најквалитетната лига, Никола Јокиќ.

Олајџувон кој играта на низок пост, под кошевите, ја доведе до совршенство, вели дека денешната кошарка е сменета и центрите сè почесто излегуваат да шутираат тројки, смета дека играчи како Јокиќ и Џоел Ембид се вистински репрезенти на центарската позиција.

Олајџувон вели дека токму Јокиќ го смета за негов наследник кога станува збор за играта на низок пост.

„Џокер! Го сакам Џокер. Тој ја игра својата игра, во некои моменти не изгледа сериозно, но е неверојатно ефикасен. Не изгледа силно, но секогаш постигнува длабока позиција на нискиот пост. Неговиот шут, неговите финти, тоа е толку тешко да се фати неговиот тајминг. Не знаете кога ќе ви направи финта, а кога ќе шутира. Полн е со трикови. Тој е посебен, специјален”, вели Олајџувон.

Хаким Олајџувон е еден од најдобрите центри во историјата на кошарката и на НБА лигата, а многу луѓе го ставаат на прво место, пред центри како Карим Абдул Џабар, Бил Расел, Вилт Чембрлен и Шекил О’Нил.

- Оглас -

Најнови вести