Изминатава ноќ се одржаа неколку борби од УФЦ 274 евентот, а една од најинтересните беше таа меѓу Тони Фергусон и Мајкл Чендлер.
Веќе во втората рунда, Чендлер со „фронт кик“ го нокаутираше Фергусон, а една фотографија успеа да го долови вистинскиот момент при ударот.
Изгледа навистина застрашувачки и не е препорачлива за сите. Од силината на ударот со нога, лицето на Фергусон беше целосно деформирано, а за што точно станува збор, погледнете подоле.