Еден од најголемите идоли на Ѓоковиќ е непрепознатлив

Американскиот тенисер Пит Сампрас беше најтрофеен по бројот на гренслем-титули пред појавувањето на триото Федерер-Надал-Ѓоковиќ, а сега многумина може да се разминат на улица со него и да не го препознаат.

Ѓоковиќ во минатото изјавуваше дека сака да биде како Сампрас, а го надмина својот идол. Сампрас се повлече во 2002 година, а деновиве беше на кафе во еден локал во трговски центар во Беверли Хилс. Ја нема густата коса, Пит сега е проќелавен, со неизбричена брада.

Според фотографиите кои се појавија, „Пистол Пит“ е доста остарен од тоа што го знаеме, очигледно дека годините го прават своето, а и тешкиот период, неодамна рече дека неговата сопруга е тешко болна.

- Оглас -

Најнови вести