Еден од најголемите кошаркарски таленти и син на некогашната НБА-ѕвезда ставен во индуцирана кома

Тажна вест ја потресе американската спортска јавност. Во сообраќајна несреќа со тешки повреди се здоби Алијах Аренас, син на прославениот НБА-кошаркар Гилберт Аренас.

Младиот кошаркар беше потенцијал оценет со „пет ѕвезди“ и играч од кого се очекуваше да има НБА-кариера. Тој доживеа тешка несреќа кога неговиот автомобил излетал од патот во Лос Анџелес. Несреќата се случила рано наутро, а Брзата помош пристигнала во 4:55 наутро.

Предниот дел од автомобилот бил во пламен, а младиот кошаркар успеал да излезе од возилото. Сепак, Аренас бил со тешки повреди и веднаш бил пренесен во болница, каде што бил ставен во индуцирана кома.

Алијах Аренас настапува за универзитетот Јужна Каролина и се очекуваше да го наследи неговиот татко Гилберт, кој во НБА играше за Голден стејт, Вашингтон, Орландо и Мемфис, а трипати беше дел и од Олстар-тимот.

- Оглас -

Најнови вести