Италијанските медиуми најавуваат „бомба“ во Милано, легендарниот фудбалски работник Адријано Галијани кој се прослави како директор на Росонерите од Милано, би можел да се врати во клубот.
Во претходните недели имало преговори меѓу него и сопственикот Кардинале, кој го сака назад во клубот како „супер-консултант“.
Постојат услови за реализација на оваа работа, но потребно е Галијани и официјално да ја продаде Монца, откако продажбата на тој клуб во кој работеше Галијани беше договорена пред некое време.
Доколку ова сценарио се оствари, Галијани нема да заземе ничие место. Паоло Скарони ќе остане претседател, Џорџо Фурлани ќе продолжи како извршен директор. Ќе се создаде посебна функција – суперконсултант, нешто како со Златан Ибрахимовиќ, кој е вработен во фондот „RedBird“, а не формално во Милан.
Како десна рака на некогашниот сопственик Силвио Берлускони, Галијани 31 години беше во Милан, ја фати и златната ера на клубот, и освои 29 трофеи.