Еден од најхаризматичните тенисери најави крај на кариерата: Ова е кам-бек само за да можам да се збогувам

Хуан Мартин Дел Потро важи за еден од најхараизматичните и своевремено еден од најдобрите тенисери.

Веројатно тој ќе беше најголема закана за големата тениска тројка, Надал, Федерер и Ѓоковиќ, сепак големиот број на повреди си го направија своето, па така Дел Потро кариерата ја заврши со само еден гренд слем.

Шампионот од 2009 година се опорави од коленото и најави дека ќе игра на Аргентина опен што ги израдува фановите, но, тој кажа дека тоа ќе биде последен турнир во неговата кариера.

„Ова повеќе е збогување, него ли кам-бек на терените, а не можев да најдам подобар турнир за збогување од овој во Буенос Аирес. Со години посетував различни доктори и пробував голем број на методи, но, речиси сите беа безуспешни.

Сепак, ќе ми се оствари желбата да се пензионирам на терен“ изјави Дел Потро.

Во својата кариера, Аргентинецот има 22 титули од АТП турнирите, додека единствениот гренд слем го освои во 2009 година кога во финалето на САД Опен го победи Роџер Федерер.

Да не беа изобилството повреди, со сигурност популарниот Дел По ќе додадеше уште некоја титула од најголемите тениски турнири.

- Оглас -

Најнови вести