Еден од најинтересните ликови во Премиер лигата е пред голем предизвик, ќе успее ли да си „купи“ уште една сезона во Њукасл?

Џонџо Шелви е пред интересен предизвик и според актуелниот договор што го има со Њукасл, му треба уште двапати да биде стартер во тимот во оваа сезона за да може автоматски договорот да му се продолжи за уште една година.

Навидум еден од најинтересните фудбалски ликови во англискиот фудбал има многу време за да ја оствари целта, но има проблем бидејќи е повреден.

Моментно 30-годишниот играч за врска е повреден, има проблем со листот на ногата и според проценките, ќе паузира меѓу 6 и 8 недели.

Тоа значи дека би му останале 12-13 натпревари сезонава за Њукасл за да успее да се наметне и барем двапати да биде стартер и да ја повлече автоматската клаузула што му гарантира продолжен престој кај Чавките уште една сезона.

Њукасл веќе подготвува засилувања во средниот ред, а најмногу се споменува Жоржињо од Челзи и Јури Тилеманс од Лестер.

 

- Оглас -

Најнови вести