Холанѓаните важат за еден од најлибералните народи во Европа, а нивната фудбалска икона Ајакс е симбол на слободното однесување, но за новата сезона има чудна забрана.
Раководтсвото на популарните Копјаници ги забрани транспарентите на трибините со кои навивачите ги молат фудбалерите за дресови, фотографирања и слични пораки.
Ги нарекоа „просјачки транспаренти“ и за нив нема да има место за домашните натпревари на Ајакс, односно нема да бидат веќе дозоволени на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам.