Еден од најлудите мечеви на сите времиња, Ковентри на магичен начин елиминираше премиерлигаш и оди на „Вембли“ (Видео)

Тимот кој се натпреварува во англискиот Чемпионшип, Ковентри се пласираше во полуфиналето на ФА купот, што значи дека ќе игра на „Вембли“, откако на неверојатен начин го совлада Вулверхемптон со 3-2.

Сите пет гола паднаа во второто полувреме. Ковентри поведе со еден контроверзен гол кој дури пет минути беше проверуван со ВАР технологија, а во 83-та и 88-ма минута премиерлигашот даде два гола за пресврт.

Сепак, тоа не значеше дека Ковентри се предав, напротив, длабоко во судиското продолжение, во 97-ма и 100та минута дадоа голови за чудо и меч кој уште долго ќе се раскажува.

Ова е голот кој го носи Ковентри во полуфинале:

https://twitter.com/i/status/1769005467961851986

- Оглас -

Најнови вести