Даниел Медведев вечерва ќе игра против Марин Чилиќ во четвртфиналето од АТП турнирот во Вашингтон. Медведев се пласираше меѓу најдобрите осум, откако со 2:0 во сетови го победи Францис Тифо од САД. Во вториот сет, Медведев водеше со 5:4 во гемови и сервираше, кога гледачите го видоа и најинтересниот поен на мечот.
Двајцата тенисери успеаа да вратат неколку тешки удари, а во еден момент Тифо веруваше дека успеа да го врати топчето и да освои поен. Американецот свртен со грб кон теренот, почна да се радува, но не знаеше дека Медведев не се предаде.
Русинот успеа да го врати топчето и да го освои поенот, а противникот се чудеше како се случи да го загуби тој поен на кој веќе му се израдува. Медведев вечерва ќе игра против Хрватот, а Чилиќ сигурно нема во ниту еден момент да прослави поен, ако не е сигурен дека го освоил.
Понудата од сите мечеви од АТП тениските турнири може да ја најдете на Sport Life обложувалниците.