Литванската кошаркарска репрезентација ги започна квалификациите за Светското првенство во Катар со триумф, по неверојатниот камбек на крајот од натпреварот, совладувајќи ја Велика Британија со 89:88 како гостин.
Лондон беше место на лудило, каде што Литванците приредија еден од најлудите камбекови досега, откако додадоа минута со седум поени разлика во последните 15 секунди! По кошот на Акваси Џебое, Британците имаа водство од 87:80 и се чинеше дека прашањето за победникот е решено. Сепак, тогаш започна вистинското лудило!
Прво, Игнас Саргиунас постигна тројка за да го намали дефицитот на четири поени, по што следеше брз фаул што го испрати Мајлс Хенсон на линијата за слободни фрлања, каде погоди еднаш од два обиди. Саргиунас погоди уште една брза тројка на другата страна, со што гостите се доближија на два поени негатива (88:86).
Драмата тогаш достигна кулминација. Британците ја згубија топката, а Саргиунас со уште една тројка од далечина и тоа со звукот на сирената го комплетираше чудото и на крајот Литванија победи со 89:88.
Greatest comebacks I’ve seen:
1995 | Reggie Miller
2004 | Tracy McGrady
2025 | Ignas Sargiūnas#FIBAWC | #StepItUp pic.twitter.com/TwuVya5xBe— FIBA Basketball World Cup 🏆 (@FIBAWC) November 27, 2025
Низ историјата на кошарката, слични пресврти се имаат случено во НБА лигата. Во 1995 година Реџи Милер направи чудо погодувајќи осум поени во последните неколку секунди, а потоа сличен подвиг направи и Трејси Мекгреди во 2004 година.

