Ајакс и Баерн Минхен го одиграа највозбудливиот и најефикасниот меч вечерва, а на крајот на семафорот на „Амстердам арената“ стоеше 3-3. Тоа е резултат кој го остави Баерн на врвот на табелата, додека Ајакс заврши како втор.
Иако имаше дури шест погодоци, мечот ќе се памети по грубиот старт што го направи Томас Милер во второто полувреме. Во еден дуел, германскиот репрезентативец реагираше како да е дел од некој карате-филм и директно со нога го удри Николас Таглиафико во главата.
За среќа, левиот бек на Ајакс остана без сериозна повреда, а гостинскиот играч доби директен црвен картон.