Еден од најслабите тимови во НБА губеше со 22 разлика, а на крајот победи со двоцифрена предност (Видео)

Јута џез го претрпе третиот пораз во низа откако загуби на гости кај Детроит со 126:116. Џезерите имаат шестмина важни играчи кои се под протоколите или само што се излезени од протоколите за корона-вирусот и тоа остава трага врз нивната игра.

Јута имаше само 10 порази во 38 средби, а сега нареди три неуспеси во низа, а посебно изненадување е поразот кај една од најслабите екипи во лигата, Деторит. Победата на домаќините е позначајна затоа што таа е извојувана со пресврт. Јута водеше од почетокот на мечот и уште на стартот гостите имаа предност од девет разлика (11:2).

Најголемата предност на Џезерите беше од 22 поени (54:32), но Детроит со чудесна игра направи пресврт, па пред крајот на третата четвртина, домаќините првпат поведоа со 83:82. Последното водство на Јута беше 96:95, а потоа Деторит со серија од 10:3 стигна до 105:98 и домаќините до крајот не дозволија да ја испуштат предноста.

За Детроит ова беше само деветта победа сезонава во 39 натпревари.

Резултати: Шарлот – Милвоки 103:99, Детроит – Јута 126:116, Бостон – Индијана 101:98, Њујорк – Сан Антонио 111:96, Хјустон – Филаделфија 91:111, Портланд – Бруклин 114:108, Сакраменто – Кливленд 108:109.

- Оглас -

Најнови вести