Легендарниот аргентински фудбалер, Карлос Тевес објави дека става крај на кариерата.Искусниот 37-годишен напаѓач објави дека завршува со активното играње, но интересно е дека сепак остави простор, во иднина повторно да се врати на теренот.
Голгетерот чија професионална кариера трае 20 години, кариерата ја започна во Бока јуниорс, а потоа играше за Коринтијанс, Вест хем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Јувентус, Шангаи шенхуа, за да на крајот повторно заврши во клубот во кој заврши, а тоа е Бока.
„Денеска можам да кажам дека се повлекувам од фудбалот. Сепак, за три месеци може повторно да добијам желба и да заиграм. Сепак, никогаш повеќе нема да се вратам во Бока“, рече Тевес, а потоа и објасни зошто не би се вратил во клубот во кој почна и сега заврши.
„Ова е еден од најтажните денови во мојот живот, но чувствувам дека ја донесов вистинската одлука. Бока е мојот живот и не смеам да бидам како просјак тука. Ако не можам да дадам 100 отсто од моите можности, подобро е да се повлечам“, објасни популарниот Карлитос.
https://twitter.com/i/status/1400939805232541697