Вечерва се одигра последното коло во француската Лига 1, а мечечвите ги облежаа два моменти: испаѓањето на Сент Етјен и 200-тиот гол на Александре Лаказет во дресот на Лион.
Сент Етјен со 10 титули (последната во 1981 година) е еден од најуспешните клубови во Франција, повеќе пати првак на Франција од нив бил само ПСЖ, но вечерва после поразот од Тулуз од 2-3, се селат во понизок ранг каде беа и минатата сезона.
Лаказет стана втор фудблер во историјата на Лион со 200 гола во дресот на тој клуб во сите натпреварувања. Ветеранот вечерва последен пат играше за Лион и се прости на најдобар начин, со два гола. Фановите му приредија и кореографија.
ПСЖ со победа од 3-1 над Оксер ја прослави титулата и се загреа за финалето во Лигата на шампионите кое се игра за две недели.