28.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Еден од најтрофејните тренери во историјата полни 80 години, најави дека ќе работи и на 90!

Легендарниот романски фудбалски тренер, Мирчеа Луческу, денеска го прославува својот 80-ти роденден, а еден од најтрофејните тренери во историјата најавува дека планира да работи и по една деценија, кога ќе има 90 години!

Беше фудбалер, капитен на Романија на СП 1970 година, а како тренер има импресивна кариера која ја почна во февруари 1979 година. Водел тимови и репрезентации на 1.669 меча и има освоено 36 трофеи. Во моментов работи како селектор на романската репрезентација, функција која ја вршеше и од 1981 до 1986 година. Сега целта му е да ги однесе Романците на СП по пауза од 28 години.

Во едно интервју на романскиот Фанатик, на прашањето каде што се гледа по десет години, Луческу одговори: „На клупата на тим, но во клупски фудбал, не како селектор! Сакам да имам секојдневен контакт со играчите, да ги подготвувам, да ги учам. Моето најголемо задоволство е да гледам како се развиваат, а тоа повеќе не можам да го правам во репрезентацијата. Ми недостига секојдневниот адреналин“, вели 80-годишниот „Ил Луче“.

- Оглас -

Најнови вести