12.8 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

Еден од шпанските херои на ЕП го одби Арсенал затоа што чека трансфер во Барселона

Каталонскиот гигант Барселона има две големи желби од составот на Шпанија кој ја освои титулата на ЕВРО 2024. Првата е Нико Вилијамс, а втората – Микел Мерино.

Играчот за врска на Реал Сосиедад имаше преговори со Арсенал, но доверливиот „Релево“ тврди дека Мерино го одбил англискиот премиерлигаш за да се пресели во Барселона. Мерино беше херојот на Шпанија на дуелот против домаќинот Германија во четвртфиналето, кога постигна победнички гол во 119-тата минута.

Ханси Флик инсистира да биде доведен и Мерино ова лето, а Реал Сосиедад за него бара скромни 20 милиони евра, со оглед дека тој влегува во последната година од договорот.

Маката на Барселона е како да обезбеди 58 милиони евра за да ја плати отштетната клаузула на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.

- Оглас -

Најнови вести