Пет интересни меча од пет различни земји се дел од понудата во Квотите на денот. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете изнесува 44.27.
Архус да не загуби на свој терен од Митјиланд во меч на кој ќе биде постигнат барем еден гол во првото полувреме е со квота од 2.20.
Голови треба да има на мечот Сион и Базел, и тоа во мрежите на двата тима и во двете полувремиња за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со коефициент точно два.
Максимум по еден гол во двете полувремиња треба да има на дуелот од белгискиот куп меѓу Антверпен и Андерлехт за да биде добитна квотата од 2.15.
Арсенал гостува кај Брентфорд и тука Топчиите треба да постигнат повеќе голови во второто полувреме, комбинација која носи одлична квота од 2.40.
Атлетико да не загуби од Барселона во Мадрид во пресметка на која ќе има два или повеќе голови е со коефициент од 1.95.


