Еден „погрешен“ удар доволен да се откаже мечот на векот (Видео)

Тајсон Фјури и Олександер Усик ги правеа последните подготови пред нивниот меч закажан за 17 февруари, но тој сега е откажан. Мечот на векот како што го нарекуваа дуелот кој требаше да донесе до обединување на сите боксерски титули во тешка категорија нема да биде во предвидениот термин поради повредата која ја заработи Фјури.

Популарниот Крал на Циганите заработи посекотина над окото за време на една тренинг борба. Фјури спарингувал со хрватскиот боксер Агрон Смакичи кога доби удар од кој заработи расекотина на лицето.

„Расекотината над десното око на Фјури бара лекарска интервенција, а тоа значи дека доби неколку зашиени конци. Ќе биде потребно време оваа повреда да се залечи“, објавија од менаџерската агенцја на Фјури.

- Оглас -

Најнови вести