7.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Еден прогнозер е во игра за 13-ка на Спортска прогноза, но му треба и пораз на ПСЖ од Марсеј

Голем број играчи на Спортска прогноза се во игра за добивање на ваучери од Sport Life во вредност од 500 денари, 14-мина може да добијат ваучер од 1.000 денари, а еден, Љуан З. може да стане првиот со 13-ка и да одбере премија. Љуан ги погоди сите седум саботни мечеви од основната понуда, за денеска му остануваат уште шест.

Денешните парови кои останаа 20-тото коло на од Спортска се Тотенхем – Челзи, Нант – Рен, Салернитана – Монца, Фрајбург – Баер Леверкузен, Манчестер јунајтед – Њукасл (90′) и Марсеј – ПСЖ.

Љуан типувал двојки на Челзи и Рен, а има единици на останатите четири меча.

Според мнозинството прогнозери, фаворити се Тотенхем (43,7 проценти), Рен (48,1), Фрајбург (47,2), Манчестер јунајтед (76,3) и ПСЖ (52,8) а за Салернитана – Монца најмногу (41,5 проценти од играчите) прогнозирале нерешено.

Доколку во Sport Life уплатите тикет со шесте фаворити на мнозинството прогнозери, добивате вкупна квота од 245.3.

- Оглас -

Најнови вести