Еден ракометар испадна од списокот на Лазаров, подготовките продолжуваат со полн интензитет

Македонската ракометна репрезентација со полн интензитет продолжува со подготовките за престојниот настап на Светското првенство во Хрватска. Ракометарите имаа само еден ден пауза поради новогодишната ноќ, а веќе денеска активностите продолжуваат.

Во продолжение на подготовките Македонија ќе биде со 19 играчи, откако од составот испадна Михајло Михајловиќ. До почетокот на Мундијалот, Македонија ќе одигра контролен меч против Хрватска на 8 јануари, што ќе биде четврти контролен дуел за избраниците на селекторот Кирил Лазаров.

На Светското првенство Македонија за противници во групната фаза ќе игра против Унгарија, Холандија и Гвинеја. Првиот меч го игра на 15 јануари во Вараждин.

- Оглас -

Најнови вести