Еден шут во рамки на головите ја прави разликата на дуелот Србија – Англија

Статистичките показатели за првото полувреме на натпреварот Србија – Англија, покажуваат дека двата тима во првите 45 минути упатија само еден шут во рамките на головите, тоа беше моментот во 13-та минута кога Џуд Белингам даде гол со глава за предност на Англичаните од 1-0.

Лоша вест за Србите е и повредата на Филип Костиќ кој мораше да излезе од игра пред крајот на првото полувреме.

Ни Англија не блеска, Хари Кејн само двапати ја допре топката во првото полувреме, но резултатот е на нивна страна.

Белингам му се придружи на Мајкл Овен како единствени Англичани кои дале гол и на светско и на европско првенство пред 21-виот роденден, а стана прв стрелец кој постигнал гол и на СП и на ЕП што игра во клуб кој не е од Англија.

- Оглас -

Најнови вести