Еден стадион во Македонија ќе го носи името на Пеле!?

Фубалскиот свет дава последна почит на Пеле, кој почина на 29 декември на 82 години. Легендарниот Бразилец почина од рак на дебелото црево, а во Бразил беше прогласена тридневна жалост.

Единствениот фудбалер кој три пати бил светски првак, за многумина е најголемиот на сите времиња. Токму затоа, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино даде една интересна идеја, која сепак тешко дека ќе се реализира. Инфантино кој е во Бразил да присуствува на погребот на Пеле, побара секоја земја во светот да преименува еден фудбалски стадион да го носи името на Пеле.

„Сакам да побарам секоја земја во светот, еден од нивните фудбалски стадиони да го носат името на Пеле“, рече Инфантино.

Тоа значи дека доколку оваа идеја на Инфантино е сериозна, Македонија ќе именува еден стадион по името на легендарниот Бразилец. Пеле како фудбалер, четири пати бил во посета на тогашна Југославија и има играно фудбалски натпревари во Белград, Загреб, Сараево и Крагуевац. Во Македонија не бил никогаш.

- Оглас -

Најнови вести