Еден тренер во Премиер лигата денеска може да добие отказ

Возбудувањата во англиската Премиер лига за ова коло ќе започнат со дуелот меѓу Нотингем форест и Челзи. Овој меч е посебно важен за тренерот на домашната екипа Анге Постекоглу. Најавите од Англија се дека Постекоглу може да добие отказ доколку Нотингем загуби денеска.

Постекоглу неодамна беше назначен за тренер на Нотингем, по заминувањето на Нуно Еспирито Сантос. Сепак, уште од стартот, работите не тргнаа добро за Постекоглу и под водство на новиот тренер Нотингем нема ниту една победа.

По седум кола во Премиер лигата, Нотингем има освоено само пет бодови (една победа, две реми и четири порази).

- Оглас -

Најнови вести