Едерсон направи голема грешка, му подари гол на Јувентус (Видео)

Во тек е натпреварот од третото коло на Светското клупско првенство меѓу Јувентус и Манчестер Сити, а вниманието го привлече неверојатен кикс на голманот на Граѓаните, Едерсон.

Составот на Пеп Гвардиола прва стигна до водство. Во деветтата минута, Ајт-Нури одлично асистираше до Доку, кој ја затресе мрежата за 1-0.

Сепак, водството не траеше долго. Само две минути подоцна, Едерсон направи една од најголемите грешки во својата кариера, обидувајќи се да игра со нога, како што обично прави, ја загуби топката и му овозможи на Копмајнерс лесно да израмни на 1-1.

Грешката ќе го прогонува долго, а камерите го уловија и бесот на Гвардиола на клупата.

- Оглас -

Најнови вести