22.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Еди Хау е подготвен на драстични мерки ако Александер Исак продолжи со штрајкот во Њукасл

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, е подготвен да преземе драстични мерки доколку Александер Исак не ја потврди својата иднина во Њукасл, вклучувајќи ја и можноста да го испрати во резервниот тим, исто како што тоа го направи во минатото со Рајан Фрејзер, тврдат медиумите во Англија.

Фрејзер беше отстранет од тренинзите со првиот тим во март 2023 година поради тоа што не ги исполни стандардите на Хау, тренирајќи самостојно со тимот до 21 година, пред на крај да го напушти клубот.


Еди Хау веќе има покажано дека ниту еден играч не е поголем од тимот.


Александер Исак почна со штрајк, не доаѓа на тренинзите на Њукасл и инсистира на трансфер во актуелниот шампион Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести