Еди Рама: Вечер првпат во животот ќе навивам против Италија!

Премиерот на Албанија, Еди Рама, даде интервју во врска со дуелот на неговата земја против Италија на ЕВРО 2024 и рече дека вечерва за првпат во животот ќе навива против Италија.

Рама вели дека италијанскиот фудбал бил „рај за Албанците додека живееле во комунистички пекол“.

„Ова ќе биде прв пат, а се надевам и последен во мојот живот, да се надевам дека Италија нема да добие натпревар на ЕП. Но, во секој случај, би бил задоволен и со реми, што за нашите фудбалери би било како победа. Не можам да посакам Италија вечерва да добие ништо повеќе од реми“, рече Рама.

Рама кажа и кои се силните страни на селекцијата на Албанија.

„Треба да се плашите од нашата јасна надмоќ на трибините, каде што секако победуваме, од духот на одмаздата на момците на Силвињо и од фактот дека нашиот тим нема што да загуби. Италија речиси никогаш не блеска кога започнува турнир, се надевам на нерешено“, објасни албанскиот премиер кој вечерва ќе биде присутен на трибините на стадионот во Дортмунд.

Рама беше прашан и кој играч на Италија би го сакал во репрезентацијата на Албанија, а без двоумење кажа Џиџи Донарума.

Еди Рама истакна дека народот го чека ова Европско првенство како свадба на син единец.

„Оваа репрезентација го обединува албанскиот народ и на Косово, Македонија и сите делови на светот. Десет милиони срца ќе бидат нашиот 12-ти играч во Дортмунд“, изјави Рама.

Рама ја коментираше и врската меѓу Италијанците и Албанците.

„Ние сме одвоени со море, но обединети во сè друго. Слично како две капки вода во нивните јаки и слаби страни“, заклучи Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести