Еди Шерифовски во првото коло налета на светскиот првак, Бразилецот Гиљерме Шмит

Македонија го очекува настапот на третиот спортист кој ќе се натпреварува на Летните олимписки игри во Париз. Џудистот Еди Шерифовски во 10 часот ќе ја има својата борба против Гиљерме Шмит во категоријата до 81 килограм.


Ривалот на Шерифовски од Бразилец е двократен светски првак, ги освои титулите во 2022 и во 2024 година, и е еден од најквалитетните натпреварувачи во џудо, главен кандидат и за олимпиското злато.


Сепак, и покрај тоа, Еди Шерифовски сигурно ќе даде сѐ од себе да направи чудо и да го победи големиот фаворит.

- Оглас -

Најнови вести