Един Џеко погоди во последен миг, во 95-тата минута за победа на Рома против Фрозиноне, а тој гол за триумф од 3-2 донесе многу радост и во Гостивар.
Со уплата од 240 денари и погодени 12 двојки во обложувалница на Sport Life, гостиварецот си подигна добивка од 128.911 денари. Во ќарот е пресметан и бонусот од 40 проценти што во Sport Life се додава на тикет со 12 натпревари.
Старата добра игра носи убава заработка во Струмица
Со погодени 11 натпревари, сите типувани со „кец“, во Струмица обложувач си оствари убав ќар од 116.240 денари. И тука добивката е зголемена благодарение на бонусот од 32 проценти, што е предвиден за тикет со 11 мечеви.
Уплатата е 100 денари, а домашните екипи со 11 победи си ја завршија работата, па и Струмица има причини за радост по натпреварите викендов.
Кратко и јасно, трипати полувреме-крај и гол-гол прво полувреме микс вреден 1.500 евра во Банево Трло
Драмата со Кепа Аризабалага на раат се гледаше во Куманово, а целиот циркус се случи во продолженијата, што не влијаеше на добитниот тикет уплатен во Банево Трло. Со четири погодени натпревари и уплата од 100 денари, остварената добивка е 93.893 денари или околу 1.500 евра.
Челзи и Манчестер сити одиграа без голови, а мајсторски е одигран Х-Х со коефициент 6.50 на тикет со четири погодени натпревари. Фино се нанижани и Х-1 на мечот Санта Клара против Национал во португалското првенство и ГГ1 на дуелот Ботосани – Газ Метан во Романија.
По драмата на „Вембли“ меѓу Челзи и Сити, на добитникот што го има уплатено тикетот во Куманово му остана шпанското дерби од Сегунда меѓу Малага и Депортиво Ла Коруња. Повторно се чекаше „нула во нула“, а исходот беше ист како и во англиското финале за пехарот во ФА купот, мечот заврши со резултат 0-0 за убава добивка уплатена во обложувалницата на Sport Life во Банево Трло.
Стотка и во Велес
Голема верба во домашните екипи имаше и обложувач што го уплатил својот тикет во Велес, а како и во Струмица, погодени се 11 натпревари со конечен исход единица и плус како шлаг на тортата и 1Х на големото дерби меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул. И тука немаше голови, па велешкиот тикет донесе добивка од 105.540 денари за уплатени 100 денари.
Бонусот е над 30 илјади денари, а освоен e токму поради предвидените 40 проценти зголемување на добивката, потег на кој во корист на обложувачите се решија во Sport Life.