Един Џеко доби хрватско државјанство

Најдобриот фудбалер во поновата историја на Босна и Херцеговина, Един Џеко, стана Хрват. Популарниот Дијамант доби хрватско државјанство и во иднина во италијанската лига ќе настапува како играч од Европска унија, што значи дека нема да зафаќа место за странец, како што се водат играчите од земјите кои не се од ЕУ и од другите континенти.

Напаѓачот на Интер, кому соиграчи му се двајца Хрвати, Иван Перишиќ и Марцело Брозовиќ, ги исполнил сите строги услови кои ги пропишуваат хрватските закони и молбата му била одобрена.

Џеко има ресторан во Дубровник и ова било олеснителна околност за него да добие хрватско државјанство.

- Оглас -

Најнови вести