Еден од најдобрите босански фудбалери на сите времиња, Един Џеко, пред два месеца наполни 39 години, но и понатаму игра на високо ниво и ги тресе противничките мрежи. Членот на Фенербахче оваа сезона успеа да постигне 20 гола, а неговиот договор завршува за еден месец.
Џеко иако веќе навлезе во 40-тата година од животот, не планира да се пензионира, а доказ за тоа се понудите кои пристигнуваат на негова адреса. Најспектакуларна за овој дел од Европа, секако, е онаа на сплитскиот Хајдук. Белите планираат дополнително да се засилат за следната сезона и да атакуваат на титулата во Хрватска, а токму Џеко е дел од тој план.
Во игра за потписот на Босанецот се и две екипи од Серија А, Фиорентина и Рома, а како што тврдат италијанските медиуми, раководствата на двете екипи веќе испратиле конкретна понуда до неговиот менаџерски тим.
Един Џеко за репрезентацијата на Босна и Херцеговина одигра 140 натпревари, а богатата клупска кариера ја градеше во Железничар, Теплице, Усти над Лабем, Волфсбург, Манчестер сити, Рома, Интер и Фенербахче.