10.8 C
Skopje
петок, 12 декември 2025

Един Џеко ја напушта Фиорентина и ќе оди да му помогне на својот голем пријател

Само неколку месеци по доаѓањето во Фиорентина, би можел да дојде крајот на авантурата на Един Џеко во клубот од Фиренца.

Имено, капитенот на фудбалската репрезентација на БиХ наводно е цел на друг тим од Италија, кој го сака во своите редови во вториот дел од сезоната.

Откако минатото лето ѝ се приклучи на Фиорентина, работите не одат добро ниту за него, ниту за клубот. Екипата е закована на дното од табелата, а Џеко нема многу простор за игра.

Навивачите се загрижени поради слабите партии на екипата, а раководството е свесно дека ќе мора да реагира на полусезоната и да направи промени.

Се очекуваат и продажби, но и доведување нови фудбалери за екипата да избегне хаос и можено испаѓање од Серија А.

Според информациите од Италија, не е исклучено и Џеко да ја напушти Фиорентина бидејќи во друг клуб би можело да има лидерска улога во вториот дел од сезоната.

Последните информации од Италија велат дека Џеко е цел на Џенова во јануари и дека клубот сака да го доведе како засилување во нападот.

Најавите велат дека раководството на Џенова е подготвено да му понуди договор до крајот на сезоната, а потоа би можеле повторно да разговараат за евентуално продолжување на соработката.

Даниеле де Роси е голем пријател на босанскиот напаѓач и би бил многу среќен да го има на располагање во вториот дел од сезоната.

Главната причина е тоа што Џеко би донел големо искуство во екипа што има проблеми во нападот.

Токму односот меѓу Џеко и Де Роси би можел да биде клучниот фактор во преодниот рок, а наводно и самиот Џеко би бил многу среќен повторно да соработува со својот поранешен соиграч од Рома.

- Оглас -

Најнови вести