Един Џеко можеби ќе го пропушти финишот на сезоната, но ќе биде подготвен за Мундијалот

Најдобриот босански фудбалер, Един Џеко, синоќа доживеа повреда на рамото на натпреварот од баражот против Италија за пласман на Светското првенство.

Џеко, кој на 40-годишна возраст ќе го игра своето второ Светско првенство како капитен, ја предводеше селекцијата на Босна и Херцеговина во баражите против Велс и Италија, а во финалето во Зеница се здоби со повреда по судирот со Фратези во судиското продолжение, при што десната рака му беше имобилизирана со завој.

„Рамото му се прегледува темелно. Дијагностиката ќе продолжи по враќањето во Гелзенкирхен. Тренерот Мирон Муслиќ го планира домашниот натпревар против Карлсруе без Џеко“, соопштија од Шалке 04.

Иако во прв момент се претпоставуваше дека ќе му биде потребна операција, среќа е што тоа не е потребно.
„Има полесна повреда на рамото и дефинитивно нема да биде достапен во недела. Но, Един е борец. Многу сме сигурни дека ќе се врати на теренот во следните неколку недели“, истакна тренерот на Шалке.

„Не ми треба операција, само ми треба од една до шест недели закрепнување. Идеално, би можел да се вратам за дуелот против Фортуна Дизелдорф на 2 мај или за последното коло против Брауншвајг на 17 мај“, истакна Един Џеко.

- Оглас -

Најнови вести