Един Џеко покажа како изгледа откако Романец му скрши нос, додаде музика од „Роки“ (Фото)

Славниот босански фудбалер Един Џеко кој се здоби со скршеница на носот при еден дуел со Романецот Михаи Попеску, на социјалните мрежи објави фотографија и им покаѓа на своите следбеници како изгледа во моментов.

Со фластер преку носот и десна рака во завој, тој како додаток на фотографијата ја стави и музиката од филмот „Роки“, асоцирајќи на изгледот на ликот Роки кој изгледаше и многу полошо при боксерски меч.

Верувале или не, Џеко рекол дека сака да игра утре против Кипар.

Коментар на Џеко му остави Марио Балотели кој му порача: „Убаво изгледаш вака“.

- Оглас -

Најнови вести