Един Џеко се сели во Италија, ќе потпише за двократниот првак

Голгетерот Един Џеко ја заврши својата авантура во тимот на Фенербахче и сега е во потрага по нов клуб. Речиси сигурно е дека ќе продолжи во италијанската Серија А. Се шпекулираше дека Комо и Болоња се интересираат за докажаниот напаѓач, но сега во преден план излезе тимот на Фиорентина.

Според инсајдерски информации, добро информираните новинари Фабрицио Романо и Николо Скира, Џеко е најблиску до потпис со тимот од Фиренца. Комбинациите се тоа дека тренерот Стефано Пиоли ќе си замине од Ал Наср за да седне на клупата на Фиорентина, а еден од приоритетите на стратегот е да се доведе Џеко во составот на Виолетовите.

Дури е јасно дека Фиорентина на џеко му нуди две годишен договор според кој ќе има годишна плата од два милиони евра, плус бонусите. Оваа понуда на Фиорентина е многу подобра од тоа што го понуди Болоња, договор на една година со можност за продолжување на уште една година и годишна плата од 1,5 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести