-0.2 C
Skopje
среда, 21 јануари 2026

Един Џеко се враќа во Германија и ќе биде голем адут на Шалке во борбата за влез во Бундеслига

Капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, е нов играч на германскиот второлигаш Шалке 04. Некогашниот германски гигант се надева дека оваа сезона ќе успее да се врати во германското елитно друштво, а Џеко треба да биде главен адут за тоа да се случи.

Џеко во Шалке доаѓа како слободен играч, откако во првиот дел од сезоната го носеше дресот на Фиорентина во Серија А. Ветеранот најави дека сака да си замине и да најде нов клуб, а од Фиорентина не му правеа проблеми за да го раскине договорот без обесштетување.

За Џеко ова ќе биде враќање во германскиот фудбал по пауза од 15 години. Од 2007 до 2011 година го носеше дресот на Волфсбург, клуб со кој ја освои и титулата во Бундеслигата. Тому во дресот на Волфсбург Џеко се профилираше како одличен напаѓач, па потоа играше и за Манчестер сити, Интер, Рома, Фенербахче…

Шалке е четврти најтрофеен клуб во Германија со седум титули во првенството и 10 освоени куп-пехари. По 18 кола во Цвајте, односно втората германска лига, Шалке е лидер на табелата со 38 бода, четири повеќе од Елверсберг и Дармштад.

- Оглас -

Најнови вести