9.8 C
Skopje
недела, 25 јануари 2026

Един Џеко стана најстар стрелец во историјата на втората Бундеслига

Босанскиот голгетер Един Џеко со денешниот погодок на мечот Шалке 04 – Кајзерслаутерн, испиша историја на втората германска лига, популарната Цвајта.

Џеко со 39 години и 314 дена стана најстариот стрелец во историјата на оваа лига, а како тргна, рекордот веројатно ќе го подобрува уште повеќе пати.

Џеко после 15 години се врати во Германија, а денеска дебитираше во дресот на Шалке и 20 минути откако влезе на терен, даде гол. Погодокот беше во 87-ма минута за намалување на 1-2, а во финишот тимот од Гелзенкирхен успеа и да изедначи на 2-2 и да избегне пораз.

Интересно е дека Џеко кој има договор до крајот на сезонава, нема фиксна плата, туку ќе добива бонуси за секој гол или асистенција, а најмногу пари би заработил ако Шалке влезе во Бундеслигата, што е реална опција, тимот во моментов е прв на табелата.

- Оглас -

Најнови вести