Един Џеко стана рекордер на Рома, го надмина големиот Тоти

Босанскиот фудбалер Един Џеко со вечерашниот погодок, со кој ја најави победата на Рома против Брага во мечот од Лига Европа, испиша историја на Волчиицата.

Дијамантот го даде својот 29-ти гол за Рома во европските купови (тука не се сметаат голови од квалификациските кола, туку само од групната фаза и елиминациите), со што ги надмина 28-те европски погодоци на најславното име во историјата на Рома, Франческо Тоти.

Џеко има дадено 116 гола за Рома во сите натпреварувања и заостанува многу зад Тоти, но барем во европските купови Џеко е поефикасен според просекот, и тоа за многу ако се споредат броевите на одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести