Един Џеко уште еднаш покажа класа и ја спаси Босна и Херцеговина од бламажа (Видео)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина останува со максимален ефект во квалификациите за Светското првенство, откако со крајни напори успеа да дојде до минимален триумф од 1-0 над Сан Марино на домашен терен.

Босанците победија благодарение на Един Џеко, кој во игра беше уфрлен во 62-рата минута, а само четири минути подоцна го постигна единствениот гол на натпреварот.

Босанците се први во групата со девет бода, пред Романија и Кипар со по три и Австрија и Сан Марино без бодови, но Австриците се уште немаат одиграно ниту еден натпревар.

- Оглас -

Најнови вести